6 работи за вашиот лет што екипажот нема да ви ги каже

Авиопревозот веќе одамна не е луксуз.

Без разлика дали летате на кратки или долги релации, има некои мали тајни што нема да ги слушнете од екипажот на лет и нема да ги прочитате во авионската брошура, како информации за хигиената на авионот и најдоброто време за летање.

Колку често се чисти авионот?

Во нормални околности, еднаш дневно, главно доцна навечер или во текот на ноќта. На малите масички на склопување има најмногу фекални материи бидејќи патниците кои патуваат со бебиња најчето таму ги преоблекуваат и им менуваат пелени. Затоа, не е на одмет да носите влажни марамчиња за дезинфекција со себе.

Кое е најдобро време за полетување?

Кој рано рани... Најголема веројатност авионот да полета навреме е во раните утрински часови. Како што одминува денот поголема е веројатноста за доцнење, поместувања и одложувања на летовите.

Кое место во авионот е најбезбедно?

Во опашката на авионот. Освен во случај кога ќе се одвои опашката. Ама најдобро е да не мислите на најлошото.

Што јаде екипажот на лет?

Си носат своја храна бидејќи често се случува да не остане ништо од храната предвидена за патниците. А и домашната храна секако е повкусна од она што се служи во авион. Пилотот и копилотот обично не јадат од истата храна, иако нема правило за тоа. Тоа е мерка на претпазливост, во случај на едниот да му се слоши или да се затруе со храна, другиот да биде во состојба да ја преземе контролата врз авионот.

Дали маските за кислород се од некаква помош?

Маските за кислород ќе ве обезбедат околу 15 минути. Иако тоа звучи како кратко време, во поголемиот број случаи тоа е повеќе од доволно време за да може авионот да се спушти на пониска висина.

Дали навистина луѓе имаат секс за време на лет?

Да, за жал. Ако мислите дека никој не забележал дека сте се шмугнале двајца во малото авионско веце, се лажете. Без разлика дали сте на лет од 40 минути или на прекуокеански лет,  некој од патниците или екипажот на лет сигурно забележал. Посебно екипажот на лет!

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Чек дис аут

Топ 15 најбогати луѓе низ историјата

Read more

10 работи што ги користиме секој ден, а се случајно измислени (II дел)

Read more

Никозија - најчудното место во Европа: Две држави во еден град

Read more

Рецептот за паста на Меган Маркл го запали интернетот

Read more
 

Магазин

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Читај повеќе

Пет висококалорични намирници кои треба да ги јадете

Читај повеќе

Зошто е важно да им дозволите на децата да прават грешки додека растат?

Читај повеќе

Колку чекори треба да правиме дневно за да слабееме?

Читај повеќе

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Читај повеќе

Како да ги ублажите симптомите на алергија во пролет?

Читај повеќе

Дали само пешачење е доволно за да бидете фит и здрави?

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми

Читај повеќе

Пет раси на кучиња кои се најтешки за дресирање

Читај повеќе