7 декември 1941, Јапонија го извршила злогласниот напад на Перл Харбор
Јапонската царска авијација во масовен напад рано утрото нешто пред 8 часот ја уништила поморската воена база на САД во Перл Харбор на островите Хаваи.
Американците воопшто не ни претпоставиле дека се подготвува напад, биле фатени изненадени што допринело за огромен број на жртви. Загинале дури 2.335 Американци од кои 68 цивили, повредени биле 1.143, а тешки загуби претрпеле и во наоружувањето. Потопени биле 6 бродови, оштетени 13, уништени 188 авиони и уште 159 оштетени.
Во однос на Американците, Јапонците претрпеле многу мали загуби. Загинале 64 војници, а загубиле 29 авиони од кои повеќето биле камикази.
Нападот врз Перл Харбор бил причината поради која САД се приклучиле во Втората светска војна.