Холограм, компјутерска симулација...

7 луди теории кои научниците ги имаат за вселената

Пројдовме долг пат од времето на Галилео и оние кои мислеа дека Земјата е рамна (до скоро мислевме дека повеќе нема такви), но сепак сме светлосни години далеку за да сфатиме што всушност се случува во универзумот. Океј, телескопот Хабл и сличните ни помогнаа многу да ги одвиткаме некои од најголемите откритија, но ова е детска игра кога ќе ги земеме во предвид лудите теории кои научниците ги имаат за вселената.

Постои бесконечен број на други универзуми
Би сакале да мислиме дека вселената во која живееме е во вселената, но можеби не е толку посебна. Всушност, можеби постои помеѓу бесконечен број на други вселени. Да не ве гњавиме со збунувачка напредна физика (за која и онака треба докторат да се отпакува), ама финтата е во ова: Големата експлозија пред околу 13 милијарди години била премногу моќна за да ја креира само нашата вселена која експоненцијално се шири. Некои астрофизичари сметаат дека има создадено цело купче други универзуми кои се уникатно обликувани и радикално различни од нашиот, а ние коегзистираме независно, одделени со растојанија многу поголеми од 92 милијарди светлосни години.

Во нашата вселена има скриена деветта планета
Откако беше одлучено дека Плутон е многу џуџест за да биде вистинска планета и беше исфрлен, тешко е да не се биде малку разочаран од нашиот соларен систем, ако ништо друго затоа што девет е подобро од осум. Но, можеби уште има надеж дека официјално повторно ќе бидат девет планети, бидејќи има сè повеќе докази дека постои деветта планета со големина на Нептун (Планета Х) која демне далеку позади Плутон во екстремно елиптична орбита која го води околу Сонцето еднаш во 15.000 години.

Живееме во гиганстка компјутерска симулација креирана од супер-напредни вонземјани
Како што теоретизираат многу научници, доколку вонземјаните навистина постојат, претпоставките се дека тие се технолошки многу понапредни и можеби милиони години пред нас. Базирано на оваа претпоставка, некои научници и филозофи шпекулираат дека всушност постоиме во реалност креирана од нив, во некој вид на симулиранма игра на прапредци, во која не само што е симулиран светот, туку и човечката свесност. Еве уште една работа за размислување додека се обидувате да заспиете вечер.

На вселената ќе и дојде крајот со постепено замрзнување
Постојат многу теории како можеби ќе и дојде крајот на вселената, но една од најпопуларните помеѓу научниците е наречена „Големото замрзнување”. Теоријата сугерира дека универзумот забавува со ширењето, постепено ќе почне да се лади до точка каде настапува ентропија, планетите и ѕвездите почнуваат да венеат и умираат и повеќе не можат да одржат живот во ниедна форма. Вистина е дека вселената е лудо ладна, но збориме за апсолутна нула и нула светлина. Нема потреба да трчате до банкомат да си ги извадите парите и да купувате залихи од маркет, бидејќи ако ова се случи - ќе биде за трилиони години.

Или ќе се растргне самата себе
Додека „Големото замрзнување” се смета за најверојатното сценарио, научниците шпекулираат и за можноста вселената да се растргне самата себе. Теоријата се врти околу тоа како темната енергија се однесува. Доколку не се задржи константна, туку постепено се зголемува со тек на времето, тогаш потенцијално би можело да доведе до домино ефект кој почнува со растргнување на целата галаксија.

Универзумот е искривен хаос
Со години, космолозите веруваа дека нашиот универзум е изотропен или грубо сличен во сите правци (како на фотката погоре). Но, некои неодамнешни откритија сугерираат дека од причини непознати за нас, универзумот е всушност закривен во одредени области.

Сите живееме во холограм
Иако звучи како луда теорија, постојат сосема легитимни астрофизичари кои веруваат дека постои можност дека нашата цела тродимензионална вселена е всушност масивна проекција на дводимензионална слика.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе