7 мај 1915, германска подморница го потопила бродот Луситанија
Во екот на Првата светкса војна германска У-20 подморница го потопила британскиот патнички брод РМС Луситанија при што загинале 1.198 луѓе.
Луситанија бил потопен со торпеда 18 километри од ирскиот брег откако Германците изведувале поморка блокада над Обединетото Кралство напаѓајќи го секој број, било воен или цивилен, што сакал да излезе од водите на кралството. Потопувањето на Луситанија било причина САД да се вклучат во војната против Германија бидејќи голем дел од жртвите биле Американци.
На бродот имало вкупно 1.959 лица од кои 761 успеале да преживеат. Бродот потонал за 18 минути.