7 најчести грешки што ги прават возачите на летно патување

Одењето на летен годишен одмор може брзо да се претвори од безгрижно патување во кошамар, понекогаш и поради мали нешта поврзани со автомобилот.

За да ви помогнат да си го олесните патувањето во лето, експертите ги издвојуваат најчестите грешки што ги прават возачите кога одат на летен одмор со автомобил.

1. Иако звучи неверојатно, се проценува дека на секои 3-4 минути некој возач некаде точи погрешно гориво во резервоарот на својот автомобил. Ако никогаш ви се нема случено вам лично, бидете благодарни, но немојте да ги исмевате возачите на кои ќе им се случи тоа. Мешањето бензин во дизел мотор не е крај на светот ако навреме ја сфатите грешката, на лице место. Неизбежно е соочување со проблеми и трошоци, но најголемата штета се случува кога ќе се обидете да го возите автомобилот. Ако имате барем малку среќа, ќе завршите со штета од само неколку стотина евра.

Продолжете да читате како да постапите во случај на ваква грешка.

2. Возењето на резерва може да биде проблем, поради што често се случува возилото да остане без гориво, бидејќи во текот на летните месеци може да се случи компјутерот погрешно да ја пресмета преостанатата количина на гориво во возилото.

3. Пливање со клучеви, губење клучеви во вода или заклучување на клучевите во возилото.

4. Прегревање на квачилото во долги колони на нагорнина, кочење на квачилото...

5. Може да се случи возачот да не знае каква помош има на располагање и да не ги знае броевите на службите за помош на пат во земјата каде се наоѓаат.

6. Лоша подготовка на приколката што е често преоптоварена, за стари, лоши гуми кои лесно пукаат. Проблеми со осовината или лежиштата на приколката, неисправни светла на приколката, слабо обезбеден товар на покривот на возилото...

7. Употребата на климатизација во возилото во текот на летните денови е неизбежно, но се препорачува умерено користење поради преоптоварување и дефекти на алтернаторот поради континуирано работење на вентилаторот.

8. Една работа што многумина ја забораваат е да понесат церада за возилото кога одат на годишен одмор. Откако ќе пристигнете на дестинацијата и нема да го користите возилото подолго време, препорачливо е да го паркирате во сенка и да го покриете со церада за да избегнете дефекти на електрониката и батериите на возилото кои не се отпорни на покачени температури и подолги периоди на неактивност за време на годишните одмори.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Авто новости

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Read more

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Read more

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Read more

Како настана првиот пикап на Балканот?

Read more
 

Автомобили

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе

Електричниот Volkswagen Golf GTI ќе биде „чудовиште“

Читај повеќе
  • play_arrow

Во друштво на суперспортските автомобили сега е и De Tomaso P72

Читај повеќе

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе