Низ историјата насекаде низ светот се раѓале приказни за некој изгубен град. Денес, ако се соберат сите, има некои што навистина се неверојатни.

Ако случајот со откривањето на Троја влева надеж дека не секоја приказна за некој изгубен град е токму тоа - приказна, тогаш овие 7 градови веројатно засекогаш ќе останат во легендите.
Тимот на Sunday Roast состави листа на седумте најлегендарни градови кои до ден денес важат за изгубени. Некои од нив биле со години барани, луѓе и гинеле во потрагата по нив, но никој никогаш не успеал да ги најде.
Туле - за Хелените и Римјаните бил најсеверниот град во светот;
З - наводно Португаците го нашле во Амазонската прашума, оттогаш никој не го видел;
Лајонес - град на кралот Артур;
Зерзура - град од арапските легенди кој се наоѓал западно од Нил;
Азтлан - оригиналниот главен на град на Мешика кој ниту тие ниту Шпанците не можеле да го најдат;
Ел Дорадо - веројатно најпознатиот изгубен град кој бил цел од злато;
Убар - град во најпразниот дел на Арапската Пустина, наречен и Песочна Атлантида оти потонал во песокта.