Авто новости

7 причини зошто да купите дизел

27. август 2013 - 9:50 | Д.П.

Автомобилите со дизел мотор долго време имаа епитет на инфериорни и бучни модели што многу загадуваат. Сепак големите производители постојано ја усовршуваат технологијата и се трудат да ги направат подобри од автомобилите со бензински мотори.

Прочитајте кои се причините поради кои ако купувате нов автомобил, би требало да размислувате за купување дизел.

1. Дизелите повеќе не се гласни загадувачи

Благодарение на новата технологија и задолжителното користење на гориво со ултранизок процент на сулфур, денешните дизел мотори работат потивко и не оставаат дим зад себе по целата должина на патот.

2. Повеќе сила

Постои причина поради која камионите возат на дизел. Ова гориво испорачува поголем вртежен момент, што значи поголема моќност и повеќе сила да „повлече“.

3. Дизел автомобилите ја задржуваат вредноста

Според истражувањето на компанијата ALG, компактните дизел автомобили задржуваат 63 проценти од вредноста по 36 месеци од купувањето. Кај бензинските модели се задржува 53 проценти, додека кај хибридите 55.

4. Дизелите се поефикасни

Дизел моторите се поефикасни со трошењето на горивото, а тоа е посебно важно во периодот кога цената на бензинот и дизелот постојано растат.

5. Дизелот е поевтин

Цената на Еуросупер 95 во Македонија е 82 денари, додека според актуелните цени Еуродизелот чини 70,50 денари. Ако често патувате, можеби се исплати да дадете повеќе пари при купувањето, а потоа да заштедите со трошоците за горивото.

6. На секоја бензинска има дизел

Електричните или автомобилите на природен гас е многу потешко да се наполнат бидејќи, бидејќи пумпите за овие автомобили се поретки или воопшто ги нема. Дизелот, пак, е достапен на секоја бензинска.

7. Победникот на 24 Ле Ман е дизел

Од 2006 година, сите автомобили кои победиле на трката на издржливот 24 Ле Ман се дизели - Audi R10 TDI, Peugeot 908 HDi FAP, Audi R15 TDI plus, Audi R18 TDI i Audi R18 quattro e-tron.

Коментирај