Живот

7 работи кои треба да ги знаете за француските сирења

29. август 2017 - 15:19 | Кајгана

Целиот свет сака сирење, но никој не го сака како Французите. Француските сирења најдобро се запознаваат со дегустација, но во продолжение ќе ве запознаеме со седум занимливости кои треба да ги знаете за француските сирења.

  1. Французите многу го сакаат и ценат сирењето - ова го докажуваат 250 видови кои се произведуваат во повеќе од 20 региони.
     
  2. Француските сирења се произведуваат од кравјо, козјо или овчјо млеко.
     
  3. Се делат на осум групи познати и како les huit familles de fromage (осум фамилии сирења): свежи сирења, меки сирења со природна кора, меки сирења со испрана кора, тврди пресувани сирења, пресувани готвени сирења, козји сирења, сини сирења и топени сирења.
  4. Доколку ова ви е премногу, можете да ги делите во овие три главни групи: тврди, меки и сини.
     
  5. Едно од најпознатите француски сирења, камембер, препознатливото пакување му го должи на транспортот. Според некои податоци, камемберот почнала да го произведува извесна Мари Харел уште во 18-от век во истоименото нормандиско село. Светската слава ова сирење ја достигнува во 19-от век, а од тогаш се пакува во карактеристичните кружни дрвени кутиички, кои при транспортот му ја чуваат свежината и обликот.


     

  6. Во Франција, годишно се произведуваат околу 1,8 милиони тони сирења, што одговара на количина од 57 килограми во секоја секунда.
     
  7. Едно од најпознатите сини сирења, рокфор, според легендата е создадено сосема случајно: млад овчар забележал убава девојка и потрчал по неа оставајќи ја својата ужина во пештерата. Откако по неколку дена се вратил во пештерата, го пронашол јадењето во нов облик: сирењето било прошарано со зеленкасто-сина боја, како мрамор. Го изел сирењето и се воодушевил од вкусот кој го создала сината мувла Penicillium Roqueforti. Со рокфор денес може да се означуваат само сирења кои дозреваат во пештери и подруми во близина на местото Рокфор-сур-Соулзо, а неговото производство уште во 1411 година го заштитил Карло IV.

Коментирај