7 трикови што ќе ви помогнат да се мотивирате да почнете со вежбање

А.С.
/ 22.02.2023 / 11:21

Започнувањето може да биде многу тешко. Иако се покажа дека вежбањето има корисен ефект врз здравјето, многу луѓе немаат доволно време или мотивација за оваа активност.

За да одржите здрава навика за вежбање, треба да направите неколку работи и да го воведете вежбањето како дел од вашата рутина. Пред сè, треба да го изберете типот на вежба што најмногу ви одговара на карактерот и да одредите кога и колку често ќе вежбате.

Еве уште неколку трикови како да најдете мотивација за вежбање.

Како да започнете со вежбање?

Иако мотивацијата е важна на почетокот, подоцна е многу поважно да се создаде навика за вежбање, и да се постават одредени краткорочни и долгорочни цели. Дополнително, секогаш почнувајте со поедноставни тренинзи за да не се откажете веднаш и изберете активност која е забавна за вас, а не онаа на која мислите дека треба да работите за да постигнете резултати.

Како да најдете мотивација за вежбање?

Постојат неколку начини да се мотивирате да вежбате и како да ја одржите таа мотивација на долг рок:

 1. Одредете го времето и местото на вежбање

Откако ќе одредите колку често ќе вежбате, во кои денови и во кое време од денот, поточно во кои часови, оваа акција многу брзо ќе стане дел од вашата рутина. Уште подобро е сето горенаведено да го запишете во распоредот на вашиот мобилен телефон или на хартија. Подеднакво, одберете колку време дневно можете да одвоите за вежбање. За некои тоа ќе биде половина час, додека за други еден час, и во двата случаи можете да постигнете резултати.

Внимавајте и на местото на вежбање, обидете се да изберете теретана или фитнес центар кој е на пат од работа до дома или кој е блиску до вашиот дом за да не се откажувате на почетокот поради предалеку. Доколку немате простор за тренинг во близина, почнете да вежбате дома, а однапред можете да одредите што точно кој ден ќе вежбате.

2. Вклучете неколку различни активности

Покрај вежбањето, обидете се да воведете и некои други активности, како што се: почесто пешачење, пливање, планинарење, трчање, кои потоа можете да ги менувате наизменично. Исто така, откако ќе стекнете навика, можете да испробате некои потешки вежби, постепено да воведувате реквизити и да го промените начинот на кој тренирате. Ако одредено вежбање не ви одговара, секогаш можете да најдете нешто различно, да се запишете во друг фитнес центар со различни програми или да ја промените теретаната.

3. Комбинирајте удобно со корисно

За да продолжи вежбањето и да стане дел од рутината, треба да се врзе за нешто позитивно. На пример, ако вежбате дома, имате стационарен велосипед или кој било друг уред, можете истовремено да вежбате и да ги гледате омилените серии или да слушате музика. Така ќе вежбате и ќе се забавувате, сè ќе ви биде многу полесно и времето ќе минува многу побрзо.

4. Поставете си цели

Ќе биде многу полесно да се најде мотивација за вежбање, кога ќе се постават реални, но и долгорочни цели. Намалување одреден број килограми, билдање мускули, ослободување од стресот, подобрување на здравјето или воведување здрави навики. Бидете реални во поставувањето на овие цели, за да не се разочарате. На пример, за почеток, почнете да вежбате два до три пати неделно со малку полесни и пократки тренинзи. Погрижете се посакуваните резултати да не се претерани. Секогаш можете да ги запишете вашите цели на хартија за да се потсетите зошто го правите сето ова пред секоја вежба.

5. Купете нова облека за вежбање

Иако можете да тренирате во тренерки и обична маичка, понекогаш нови спортски хеланки или можеби нови реквизити ќе помогнат за дополнителна мотивација. Купете прво една работа, наместо сите одеднаш.

6. Следете го напредокот

Следете го напредокот што може само дополнително да ве мотивира до нови победи. Измерете се и гледајте како се менуваат бројките. Најдобра мотивација ќе биде да ги забележите позитивните промени во секојдневниот живот што ги носи вежбањето.

7. Не се споредувајте со другите

Секој има свој начин, а и вие. Не гледајте како им оди на другите, како другите се послаби или како изгледаат подобро, туку следете го вашиот напредок и уживајте во вашето темпо.

Покрај овие совети, не заборавајте дека секогаш е важно да имате доволно одмор помеѓу вежбите, да се грижите за квалитетот на сонот, но и за исхраната и секогаш да пиете доволно течности.

Заклучок

Наоѓањето мотивација за вежбање на почетокот може да биде малку тешко, но со неколку трикови тоа е можно. Многу поважно од самата мотивација е да гледате на вежбањето како нова навика која ќе стане дел од вашата рутина и на која ќе се работи континуирано. Квалитетниот одмор, спиењето и навиките за исхрана се исто така исклучително важни.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Фит

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Read more

Како да излезете од магепсаниот круг на диети и дебелеење?

Read more

4 вежби без опрема што ќе ви го трансформираат целото тело за само 4 недели

Read more

На што се должи неверојатната трансформација на Џеф Безос?

Read more
 

Магазин

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Читај повеќе

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Читај повеќе

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе