7 знаци дека сте станале фитнес зависник и веќе на сите им сте преку глава

А.С.
/ 24.05.2024 / 10:17

Ако сте приврзаници на здрав начин на живот и редовно вежбање, најверојатно сакате сите во вашиот живот да тргнат по тој пат.

Иако тоа е квалитетна цел, ако се обидувате да ја постигнете на погрешен начин може да направите поголема штета отколку добро. Ова се знаците дека сте станале фитнес зависник кој е напорен за околината.

Ги убедувате сите да почнат здрав живот

Со други зборови, постојано ги испитувате луѓето околу себе кога планираат да почнат да вежбаат, им предлагате вежби и програми што би им помогнале и имате идеи како „а зошто не одиш пеш на работа“ или „почни да правиш 30 чучњеви во лифт и додека си на работа“. Исто така, прекинете да им зборувате на сите за тоа колку здраво се храните и колку пати неделно вежбате.

Често ги користите фразите „никогаш“ и „секогаш“

„Никогаш не би го јадел/а ова што го јадеш ти“ е една од речениците што ги кажуваат фитнес зависниците, а исто така и оваа: „Кај мене нема изговори, секогаш вежбам, дури и кога не ми е денот“. Истакнувањето на својата „совршеност“ само придонесува да ги оддалечите луѓето од себе. Ако споделите и каде сте згрешиле или која цел не сте успеале да ја постигнете во теретана или со режим на исхрана, можеби ќе ги поттикне луѓето да ви се отворат, па така подобро ќе можете да им помогнете, ако им треба помош.

Знаете сѐ за здрав живот

Небаре сте го впиле целото знаење од фитнес светот како сунѓер, па сега знаете секој кога треба да вежба, што треба да јаде, какви вежби одговараат за одреден дел на телото... Не, не знаете, па затоа престанете да делите совети, посебно неповикани. Дури и да сте професионалец во таа област, не знаете сѐ. И намалете со објавите на социјални мрежи од секое одење во теретана. Во ред е, сите веќе знаат дека одите во теретана.

Сте станале престроги кон себе

Порано знаевте да си дадете оддишка еднаш до два пати во неделата, па да имате cheat day, но сега се чини сте заборавиле на тоа и мислите дека тоа ќе ви направи само штета, без никаква корист. Потполно погрешно! На сите ни треба одмор одвреме-навреме, дури и од начинот на живот. Не си ги скратувајте малите задоволства, бидете умерени и држете се до одлуката да водите здрав живот долгорочно. Никој нема да ви стави минус.

Сте станале фалбаџии

Нормално е да се гордеете со своите достигнувања и остварените фитнес цели. Поздраво живеете, подобро изгледате, подобро се чувствувате. Тоа е супер,  но ако не сакате да останете без пријатели, не го споделувајте со вас секое фитнес искуство освен ако некој не ве праша. Дури и тогаш, бидете кратки и јасни.

Се однесувате како да немате чувства

Дали се имате фатено во последно време како ги изговарате овие реченици: „Ќе изгледаш многу подобро ако симнеш некое кило“, „Како се користи трака за трчање?! Па тоа барем секој го знае“, „Зошто едноставно не јадеш помалку“? Ако одговорот е позитивен, честитки, вие сте една од најнегативните личности за луѓето околу вас. Не е ни чудо ако почнале да ве одбегнуваат колегите на работа и другарите за викенд.

Делите непотребни совети

Научете еднаш засекогаш: не се сите луѓе исти, немаат сите исто ниво на издржливост, не сака секој да вежба, не сакаат сите луѓе кардио или кревање тегови, нема секој време да вежба секој ден, некој полесно слабее, некој полесно формира мускули... Она што е добро за вас не мора да значи дека ќе функционира кај други, и обратно. Не им давајте совети на луѓето, особено не ако не ви побарале мислење. Поддршката е доволна, верувајте.

реклама

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Read more
Брзи и лесни летни рецепти

Готвење за двајца: Брзи и лесни летни рецепти

Read more

Ново правило за користење на плажите во Грција менува сè, казни до 60.000 евра

Read more

Фит

5 причини зошто треба да почнете да вежбате со јаже

Read more

Суплементи што помагаат во топење на салото на стомакот

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Како телото ви сигнализира дека не се движите доволно?

Read more
 

Магазин

Брзи и лесни летни рецепти

Готвење за двајца: Брзи и лесни летни рецепти

Читај повеќе

Која физичка активност е најдобра за ослободување од болките во грбот?

Читај повеќе

Кој ти брани да купиш Чоколино и да учествуваш во наградна игра?

Читај повеќе

4 работи што треба да ги направите ако ве мачи минатото

Читај повеќе

Топлотен удар и сончаница не е исто: Како да ги разликувате?

Читај повеќе

Голем љубовен хороскоп за лето 2024: Кој ќе го преживее ретрограден Меркур?

Читај повеќе

5 знаци откриваат дали вашето дете е насилник

Читај повеќе
  • play_arrow

Која земја во Европа има најчисто море за капење?

Читај повеќе

5 причини зошто треба да почнете да вежбате со јаже

Читај повеќе