Поминаа 70 години откако Ferrari го произведе својот прв автомобил.
Ferrari е веројатно најславниот производител на суперспортски автомобили, а оваа година одбележува голем јубилеј. Поминаа 70 години откако Енцо Ферари на 12-ти март 1947 година го сврте клучот и го запали 125 S, првиот модел од Маранело наменет за употреба по улиците.
125 S го дизајнираше Џоакино Коломбо, заедно со Џузепе Бусо и Луиџи Баз. Тој ден, тоа беше само шасија со мотор на која Енѕо работел речиси две години. Два месеци подоцна, 125 S дебитираше на патеката во Пјаченца. Поради дефект на пумпата за гориво, V12 моторот застана, но веќе неколку дена подоцна, автомобилот на трката го освои првото место. Од тогаш, автомобилите на Ferrari имаат запишано преку 5.000 победи.
Големиот јубилеј уште поголемата компанија ќе го одбележува се до септември и тоа низ разни манифестации во дури 60 земји од светот.
Најважните случувања во историјата на Ferrari:
1947 - Ferrari е основан
1950 - Ferrari дебитира во F1
1958 - Мајк Хоторн станува светски првак во F1 (246 F1)
1962 - Претставен 250 GTO
1964 - Џон Суртис станува светски првак во F1 (158 F1)
1967 - Троен триумф на Ferrari на 24 часа Дејтона
1968 - 365 GTB4 (Daytona) претставен на Paris Motor Show
1969 - Fiat влегува во Ferrari
1972 - Fiorano Circuit, тест патеката на Ferrari е отворена
1975 - Ники Лауда станува светски првак во F1 (312 T)
1981 - Жил Вилнев за прва победа во турбо F1 болид (Монако, 126 K)
1984 - Ferrari Testarossa претставен na Paris Motor Show
1987 - F40 претставен на Frankfurt Motor Show
1988 - на 90-години почина Енцо Ферари
1993 - лансиран е Ferrari Challenge
1998 - со работа почнува воздушниот тунел
2004 - Ferrari постави F1 рекорд (6 конструкторски и 5 возачки титули по ред)
2006 - претставена е XX програмата на екстремни автомобили
2007 - Кими Раиконен и Scuderia Ferrari се светски прваци
2013 - Произведен првиот хибрид - LaFerrari
2015 - Ferrari се појавува на њујоршката берза
2016 - Претставен е LaFerrari Aperta на Paris Motor Show
2017 - Претставен е 812 Superfast во Женева