73-годишен Грк го истрча оригиналниот маратон облечен како Спартанец

73-годишен грчки тркач го заврши Автентичниот маратон бос и облечен како атински хоплит.

На 73 години, Идомениас Аврамакис, тркач од Ираклион на Крит, остави невиден впечаток за време на Автентичниот маратон во Атина, чија должина е 42.195 километри.

Аврамакис трчаше бос, облечен во полн спартански оклоп, го привлече вниманието на сите и успешно ја мина целта по 8 часа и 50 минути.

Приказната на Идомениас Аврамакис е навистина инспиративна. Пред многу години тој се соочил со сериозна здравствена криза која драстично му го променила животот. Бил во кома еден месец, но кога се разбудил, целиот негов поглед на животот и природата се променила. Оттогаш, никогаш не пропуштил Автентичен маратон, а учествувал и на повеќе меѓународни настани.

На овогодишниот маратон двојна победа остварија грчките тркачи:  Харалампос Пицолис кај мажите со време од 2:18:56, а Стаматиа Нула кај жените со време од 2:40:20.

Инаку, настанот Автентичен маратон од 1972 година се одржува редовно, еднаш годишно. Тоа е рекреација на подвигот на војникот Фидипид кој трчал од местото на Битката кај Маратон до Атина за да соопшти за победата на Атињаните над Персијците. Автентичниот маратон почнува од градот Маратон и завршува на античкиот стадион Калимармаро во Атина.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Read more

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Read more

Carlsberg го направи најмалото шише пиво во светот: Колку зрно ориз и содржи една капка

Read more

Трамп објави бизарно AI видео во кое игра фудбал со Роналдо

Read more
 

Магазин

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Читај повеќе

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Читај повеќе