76 години по потонувањето, испливаа бродови кај Иво Џима

Дури 24 бродови, кои биле потопени за време на битката кај Иво Џима, во која Американците и Јапонците се судриле во последните месеци од Втората светска војна, испливаа од морското дно до брегот на тој јапонски остров.

Причина за ненадејната појава на потонатите бродови е движењето на морското дно поради активноста на вулканот Сурибачи, кој предизвикал тектонски поместувања.

На снимката објавена од јапонската телевизиска мрежа ANN се гледаат остатоците од трупот на 24 транспортни бродови кои биле заробени од Американците, а потоа преместени во западниот дел на Иво Џима за да послужат како основа за формирање на пристаништа бидејќи во тоа време на островот не постоеле.

Овие јапонски бродови служеле како еден вид одбрана од бранови и ветер за американските бродови од кои се симнувале војници и се истоварувало оружје и опрема.

Неколку децении подоцна, сеизмичката активност на вулканот Сурибачи, кој се смета за еден од најактивните во Јапонија, го подигна морското дно, а со тоа и бродовите.

Remote video URL

Денеска на островот нема жители, но има јапонски воени сили кои се стационирани таму откако Американците во 1968 година го вратиле островот под управа на Токио.

Островот Иво Џима е дел од архипелагот Огасавара

„Се чини дека вулканската активност сè уште не е завршена, постои можност за голема ерупција на Иво Џима“, изјави за ANN Сецуна Накада, директор на Државниот центар за вулкански истражувања.

Инаку, на Иво Џима досега се забележани најмалку 10 ерупции, а последната се случи во 1982 година. Според истражувањето на Универзитетот во Орегон, од 1952 година самиот остров се издигнал за најмалку 10 метри поради вулканска активност.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Вести

Зошто древните народи намерно ги деформирале своите черепи?

Read more

Чудните сигнали од Венера можеби се резултат на вулканска активност

Read more

Решена мистеријата за напредната кинеска цивилизација која исчезнала пред 4.000 години

Read more

Исланд ја гради првата подземна опсерваторија на магма во светот

Read more
 

Гик

Првиот човек на Twitter поднесе оставка

Читај повеќе

Зошто древните народи намерно ги деформирале своите черепи?

Читај повеќе

Чудните сигнали од Венера можеби се резултат на вулканска активност

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск како инспирација: Претставен iPhone од стопен дел на Tesla автомобил

Читај повеќе

Решена мистеријата за напредната кинеска цивилизација која исчезнала пред 4.000 години

Читај повеќе

Исланд ја гради првата подземна опсерваторија на магма во светот

Читај повеќе

Конечно е „уловена“ мистериозната „невидлива честичка“

Читај повеќе

Xiaomi годишно ќе произведува 300.000 електрични автомобили

Читај повеќе

Samsung прекинува со производство на Galaxy Note 20

Читај повеќе