8 април 1994, пронајдено безживотното тело на Курт Кобејн
Рок ѕвездата Курт Кобејн бил пронајден мртов во својот дом во Сиетл три дена откако извршил самоубиство.
Со свежи траги од игли на двете раце и рана од истрел на главата направена од пушка која му била меѓу нозе, славниот музичар бил пронајден од мајстор кој бил дојден да го поправа осветлувањето на неговиот имот. Кобејн имал 27 години.
Неговата сопруга Кортни Лав на 4 април го пријавила за исчезнат најавувајќи ѝ на полицијата дека бил суициден и поседувал оружје. Кобејн оставил проштално писмо веројатно напишано на денот кога се самоубил, 5 април.
Кобејн се прослави како фронтмен на групата „Nirvana“ од Сиетл, особено со песната „Smells Like Teen Spirit“ издадена во 1991 година. Бил зависен од хероин.