8 добри причини зошто ви треба прочистувач на воздух во вашиот дом

Домот е местото каде што го наоѓаме мирот и спокојот со нашите најблиски - семејството и пријателите. Кога поминуваме време надвор, загрижени сме за квалитетот на воздухот. Но, квалитетот на воздухот во нашиот дом е подеднакво важен, затоа што со неговото вдишување внесуваме штетни честички кои влијаат на нашето здравје. Со развојот на модерната технологија, квалитетот на воздухот во нашиот дом кој го вдишуваме возможно е да се исчисти и ова се најдобрите причини зошто би требало да имате прочистувач во вашиот дом.

Алергии

За оние кои страдаат од алергии, ова е состојба предизвикана и од најмала изложеност на прашина и нечистотии во воздухот, посебно алергени кои се пренесуваат преку воздухот. Прочистувачите на воздухот го ослободуваат домот од овие алергени и освен што овозможуваат да се ослободите од непријатностите предизвикани од нив, овозможуваат и заштита.

Живеете во зона на градежни активности

Местата блиску до градилишта изобилуваат со прашинаво воздухот поради градежните активности. Прашината предизвикува бројни иритации, како на пример солзење на очите, проблеми со синусите и алергија на прашина. Освен ова, присуството на ситните честички во вашиот дом од градилиштата во близина е поврзана и со компликации на дишните патишта. Абразивната природа на овие честички може да предизвика физички оштетувања на белите дробови со тек на времето, кои може да резултираат со компликации во дишењето и инфекции. Со прочистувач на воздух во вашиот дом, може да се ослободите од најголемиот дел од овие честички. 

Астма и други респираторни компликации

Прочистувачите може да спречат компликации, но исто така се корисни и за луѓето кои веќе страдаат од нив. Кога воздухот во домот е чист, луѓето кои страдаат со астма и други респираторни компликации, подобро се справуваат со нивната состојба.

Ја намалуваат изложеноста од чад од цигари и издувни гасови

Чадот од цигарите, издувните гасови од сообраќајот и индустриските капацитети предизвикуваат голем број на болести - од бронхитис до тумори. Честитчките во издувните гасови исто така ги иритираат белите дробови и дишните патишта. Со прочистувач за воздух, во вашиот дом ќе се ослободите од честичките во издувните гасови и димот од цигарите и ефектите кои ги предизвикуваат.

Непријатни мириси

Непријатните мириси доаѓаат од различни извори и различни причини. Прочистувач за воздух, ќе го ослободи вашиот дом од непријатните мириси.

Бременост

Бремените жени се изложени на компликации предизвикани од вдишување на микроби и честички во воздухот во домот. Добар пример е Toxoplasma gondii која живее во мачките и може да биде вдишана од бремените жени, а кога ќе се најде во телото на бремена жена, предизвикува компликации во развојот на фетусот. Прочистувачите на воздух го намалуваат ризикот од изложеност на вакви микроби.

Деца

Децата се екстремно подложни на болести поради нивниот слабо развиен имунолошки систем. Со прочистувач на воздух во вашиот дом, ги заштитувате децата од болести кои се пренесуваат преку воздух и респираторни компликации.

Едноставно, сакате да живеете поздраво

Додека сите погорни причини имаат заслуги, желбата да се има прочистувач поради поздрав животен стил е логичен избор. Студиите покажуваат дека прочистувачите на воздух имаат придонес во здравото живеење. Секогаш ќе дишите свеж и прочистен воздух.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе