8 јули 1709, Русите ги поразиле Швеѓаните во Битката кај Полтава
Клучната битка која го најавила падот на Шведска за време на Големата северна војна се случила на денешен ден близу градот Полтава во денешна Украина.
Кралството Шведска доминирало со Северна Европа и дел од Централна Европа, а амбициите им биле и освојување на европскиот дел од Русија.
Швеѓаните биле предводени од кралот Карл XII, попознат како Каролус Рекс, и маршалот Карл Густав Ренскјелд, а како сојузници со нив се бореле и Козаците предводени од Иван Мазепа, додека Русија ја водел кралот Пјотр I. Русите биле бројно надмоќни со 42 илјади војници наспроти 16.500 Швеѓани, и извојувале убедлива победа. Во зависност од изворите, убиени биле од 7 до 9 илјади Швеѓани, а околу 3 илјади заробени меѓу кои и маршалот Ренскјелд. Русите загубиле околу 2 илјади војници.
Поразот на Шведска означил крај на нејзината доминација во Европа, примат кој го презела токму Русија.