8 јуни 793, Викинзите ја нападнале Нортамбрија
Општо прифатено е дека на денешен ден Викинзите го извршиле нивниот прв напад на британско тло откако опустошиле манастир на островот Линдисфарн близу бреговите на англо-саксонското кралство Нортамбрија.
„Никогаш не се појавил таков терор во Британија како што сега страдаме од една паганска раса... Ништожниците ја пролеаја крвта на светците околу олтарот и газеа по нивните тела во Божјиот храм, како измет по улиците“, напишал Алкуин, нортамбриски учител во дворот на Карло Велики од тоа време.
Викинзите удавиле дел од калуѓерите во морето, а дел ги однеле како робови заедно со црковните богатства.
За разлика од популарната серија „Vikings“, каде нападот го предвори Рагнар Лотбрук, нема историски записи кои него го сместуваат во Линдисфарн во 793 година. Англо-саксонски записи него во Британија го сместуваат дури во 878 година. До ден денес не се знае точно во кој период живеел Рагнар.
Нортамбрија ги зафаќала деловите на денес Северна Англија и Јужна Шкотска и во времето на викингшкиот напад важела за најслабо кралство на Островот.