8 ноември 1942, Сојузниците ја почнале операцијата Факел против Германија и Италија во Африка
Британски и американски сили ги нападнале Германците и Италијанците во Северна Африка почнувајќи ја операцијата „Факел“ за ослободување на африканските територии окупирани од силите на Оската.
Под команда на генералот Двајт Ајзенхауер, сојузниците навлегле кај алжирските градови Оран и Алжир и кај Казабланка во Мароко. Учествувала и морнарица од Канада, Холандија и Австралија, како и француски и индиски војници. Операцијата завршила на 26 ноември со ослободување на Алжир и Мароко, но Германците се одмаздиле окупирајќи ја Јужна Франција.
Борбите во Африка почнале уште на 10 јуни 1940 година и завршиле дури на 13 мај 1943 кога Сојузниците извојувале победа.