8 рудари загинаа, над 20 повредени во екслозија на метан во српскиот рудник Соко

Во рудникот Соко во близина на Сокобања се случи експлозија на метан од која се урна дел од јамата, а рударите останаа заробени. Според првите информации загинати се 8 лица, а над 20 рудари се повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

– Несреќата е многу голема, 8 лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени, изјави за РТС директор на Здравствениот дом во Алексинац, Родољуб Живадиновиќ.

Тој кажа дека некои повредени рудари веќе се префрлени во општата болница во Алексинац, а повеќе од 20 од нив се полесно повредени.

Досега дури 65 рудари се извлечени од рудникот Соко .

Според неофицијални информации, окното во рудникот се урнало, а камениот материјал паднал и затрупал голем број рудари, од кои некои останале заробени од другата страна.

Од Брзата помош во Алексинац изјавија дека на терен се сите редовни и вонредни екипи.

Според информациите од полицијата во Зајечар, бројни полициски екипи се на терен, а истрагата е во тек, соопштија српските медиуми.

Експлозијата се случила во раните утрински часови, јави РТС.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе