85 евра дневница за митинзите за поддршка на Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика своите поддржувачи денеска да се соберат на голем собир во Сремска Митровица за да покажат дека Србија е „слободарска, независна, суверена земја“.

Независниот српски портал Danas.rs пишува дека одзивот е понизок од очекуваното, поради што еден ден пред митингот нагло пораснаа дневниците што им се исплаќаат на поддржувачите.

Планот на СНС на Вучиќ е на плоштадот во Митровица да собере 80.000 луѓе за да може по бројност да парира на собирот во Крагуевац, кој го организираат студенти и граѓани.

Квотите подразбираат 1000 автобуси од Србија и 200 од Република Српска. Изворите за Danas.rs изјавиле дека, судејќи според досегашниот одзив на поддржувачите на СНС, Вучиќ може да смета на само триесетина илјади луѓе.

За само еден ден во Апатин дневницата што ја дава СНС за одење на митингот скокна, велат соговорниците на порталот, од 4000 динари (35 евра) на 10.000 динари (85 евра). Апатин доби квота од 600 луѓе за одење на митингот, а се пријавиле само 300, и тоа главно Роми.

Квотата за Суботица е 1000 луѓе, Нови Сад 2000, а за Кикинда 500. На сите вработени на привремени и повремени работи, вработените во Градска чистота, ЈП Водовод и канализација во овие градови им е наредено в сабота да дојдат на митингот на СНС во Сремска Митровица, и тоа под закана за отказ, пишува Danas.rs.

Дека на вработените во ЈКП Градска чистота во Белград им се нуди по 10.000 динари (85 евра) за одење на митингот, потврди за Danas.rs и Александар Оленик, член на претседателството на Лигата на социјалдемократи на Војводина. Вели дека е најден начин за исплата на овие дневници во вид на законска стимулација.

„Проблемот е што дури и работниците со најниски примања не сакаат да одат во Митровица", рече Оленик.

Како што објави JUGpress, повикувајќи се на извор од СНС, од Јабланички округ во Сремска Митровица мора да дојдат 1000 луѓе, а од Лесковац 500.

На рударите им нудат две дневници и сендвич

СНС од Власотинце треба да доведе 200 луѓе, од Лебане 150, додека квотата за Медвеѓа и Црна Трава е по 50 лица, исто како и за Бојник.

Во собирањето луѓе за митингот не се заборавени ни помалите места, како Сокобања и Алексинац. Danas.rs пишува дека СНС-овците добиле обврска на митингот во Сокобања да доведат 200 луѓе, па на рударите во рудникот Соко им нуделе две дневници и сендвич за митингот.

„Проблемот е што и оние кои првично се согласија да одат на митингот на Вучиќ сега се двоумат, па има проблем со ажурирањето на конечниот список“, рекоа соговорниците за Danas.rs.

На митингот на Вучиќ во сабота тргнуваат и 200 автобуси од Република Српска. Организацијата ја презеле СНСД-овците на Милорад Додик, а на социјалните мрежи се појави и порака наводно испратена од пратеничката Наташа Радуловиќ, во која бара доброволци за одење во Србија.

Во пораката се додава дека за патот се обезбедени сендвичи и вода, а на враќање е организиран ручек во еден ресторан.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Регион

Охридско Езеро крие древна тајна: Ова откритие менува сè што знаеме за Европа

Read more

Поранешен кошаркар е новиот градоначалник на Сараево

Read more

Српскиот воен злосторник Станишиќ префрлен во затвор во Германија

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more
 

Вести

НАТО би можел да го освои руски Калининград незамисливо брзо, вели американски генерал

Читај повеќе

Француската војска по повеќе од два века се повлече од Сенегал

Читај повеќе
  • filter

Охридско Езеро крие древна тајна: Ова откритие менува сè што знаеме за Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Зеленски потврди: Преговарам за мегадоговор со Трамп, ова е пресвртница

Читај повеќе
  • filter

Ла Ниња се враќа: Дали нè очекува екстремна зима?

Читај повеќе

Британија ќе ја намали возрасната граница за гласање на 16 години

Читај повеќе

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: Има силен инетерес

Читај повеќе

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Читај повеќе

Топлотните бранови и економијата: Како екстремната топлина влијае врз производството и цените на храната?

Читај повеќе