











9 април 1873, во Велес стигнал првиот воз од Солун
Пред 149 години пристигнал првиот воз на територијата на Македонија, тогаш дел од Османлиското Царство. Возот тргнат од Солун дошол до својата крајна дестинација, градот Велес.
Железничката станица во Велес, воедно, е и најстарата во државава. Неколку пати била рушена, преместувана, а последен пат е реновирана пред неколку години.
Скопје со Солун бил поврзан неколку месеци подоцна, на 9 август 1873. На 14 јуни 1894 година Солун бил поврзан и со Битола. На 20 октомври 1924 година завршена била делницата Велес-Штип и првиот воз стигнал на штипската станица. Пругата Велес-Битола била пуштена во сообраќај на 20 јануари 1936 година.
По повод првиот воз од Солун, денешниот ден е прогласен за празник на Македонски железници и сите железничари.