












9 јули 1816, Аргентина прогласила независност
На денешен ден на конгрес во градот Тукуман била прогласена независноста на Аргентина и воедно ставен крај на шпанското колонијално владеење.
Територијата на Аргентина била колонија на Шпанија уште од 1536, а во 1816 година станала втората независна јужноамериканска земја (прв е Парагвај во 1811) или четврта во Новиот Свет (прв е САД во 1783, а втор е Хаити во 1804).
Најзаслужен за независноста бил генералот Хосе Франсиско де Сан Мартин и Маторас, син на шпански војник и роден помеѓу домородното население Гуарани. Во 1814 година ја предводел војската на колонијата Обединети провинции на Рио де ла Плата која во Битката за Сан Лоренсо ја поразила шпанската кралска војска, што бил клучен пресврт во ослободувањето. Сан Мартин не застанал со Аргентина, туку потоа учествувал и во ослободувањето на Чиле (1818) и Перу (1824).
За прв претседател истиот ден бил избран Хуан Мартин де Пуејредон. Денес Аргентина се простира на територија од 2.780.400 км² каде живеат 47.327.407 жители, а главен град е Буенос Аирес.