9 јуни 1898, Кина го отстапила Хонгконг на Обединетото Кралство
Со договор помеѓу Лондон и Пекинг, Кина на Обединетото Кралство му го отстапила Хонгконг на 99 години.
Британците колонијата ја нарекувале Викторија, а првпат ја присвоиле во 1842 година за која воделе и војна со династијата Чин. За време на Втората светска војна, иако колонијата се прогласила неутрална и отворено пристаниште за сите, Јапонците ја нападнале на истиот ден со Перл Харбор и ја држеле под окупација до 30 август 1945.
Потоа започнал брзиот индустриски развој, а огромен број Кинези имигрирале бегајќи од комунистичкиот режим. Во 1997, откако поминале 99 години од договорот, Обединетото Кралство го вратило Хонгконг под кинеска управа.
Хонгконг денес има 7.413.070 жители на територија од само 2.754,97 км2.