9 најдобри малку познати и евтини скијачки центри во Европа

Британскиот магазин The Guardian претставува најдобри малку познати скијачки центри ширум Европа за љубителите на мирно зимување.

Арлберг, Австрија

Поради традицијата подолга од 100 години, ова место уште се нарекува и „Лулката на алпското скијање“. Сезоната трае од ноември до април, а гостите покрај во скијање можат да уживаат и во фантастичната гастрономска понуда. Во близина на Арлберг се наоѓаат пет шармантни планински села, кое престојот во ова место го прават единствен. 

 

 

Боровец, Бугарија

Станува збор за современ ски центар со многубројни хотели, а љубителите на природата ќе можат да уживаат и во густа борова шума. 

 

 

Вирали и Грион, Швајцарија

Поседуваат голем број на црвени и сини стази на кои посетителите можат да ги усовршуваат своите скијачки техники. Овие предели исто така се совршени и за семеен одмор, посебно поради тоа што не привлекуваат огромен број на туристи. 

 

 

Campo Imperatore, Италија

Познато уште и како „Мал Тибет“, ова скијалиште се наоѓа во регионот Абрузо, а поседува 4 жичари и прекрасен планински хотел. Идеално место доколку сакате да побегнете од гужва. 

 

 

Alpe du Grand Serre, Франција

Ова фамилијарно одмаралиште е оддалечено 50 минути возење од Гренобл, а нуди значително поевтин престој од оној во Алпите. Иако во ова место нема да најдете многу продавници, доколку сте гурман, ќе уживате во гастрономската понуда на неколу одлични ресторани. 

 

 

Роме Алпин, Шведска

Со авион пристигнете во Стокхолм, изнајмете автомобил и после 90 минути возење во северозападен правец ќе стигнете до ова фамилијарно одмаралиште. Во однос на тоа дека е најладно околу Божиќ, најдобро би било ова место да го посетите во март или април. 

 

 

Трисил, Норвешка

Љубителите на скијањето можат да уживаат во својата омилена активност дури и ноќе, а авантуристите посебно ќе ги израдува падината од 45 степени. Цената на целодневните влезници изнесува 45 евра. 

 

 

Маутерндорф, Австрија

Ова планинско село се наоѓа веднаш до три одлични скијачки одмаралишта: Обертауерн, Фанингберг и Санкт Маргаретен, покрај тоа поседува и огромен број на удобни хотели, барови и ресторани со пристојни цени. 

 

 

Фибербрун, Австрија

Кога станува збор за Алпите, на ова место годишно паѓа најголема количина на снег, иако планинскиот врв се наоѓа на помалку од 2,000 метри надморска висина. Се наоѓа на еден час возење од Минхен. 

 

 

 

 

 

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе