93-годишна идна невеста стана Facebook сензација

Бирањето на совршената венчаница е тешка одлука за идните невести. Оваа 93-годишна невеста има четири пати потежок избор.

Силвија Мартин во јули ќе се венча со нејзиниот долгогодишен пријател Френк Рејмонд (88), но не може да се одлучи што да носи на венчавката.

Таа избрала четири фустани во бутикот Birdsnest, но не можела да се одлучи за еден. Вработените во бутикот решиле да ѝ помогнат и ја фотографирале Силвија во четирите комбинации.

Потоа побарале помош од корисниците на Facebook и добиле повеќе реакции отколку што очекувале.

Некои корисници имаат фаворити, а некои предлагаат да ги земе сите четири и да ги носи во разни прилики: еден за во матично, еден за на приемот, еден за дома и еден за на медениот месец.

За кратко време илјадници луѓе се вклучиле во дискусијата и ја дознале приказната на Силвија.

Френк ја запросувал неколку пати, но таа не сакала да го смени презимето бидејќи сметала дека тоа ќе биде непочитување кон нејзиниот покоен сопруг.

Пред една година Силвија се разболела и се преселила од Аделаида во Канбера за да биде поблиску до семејството. Тогаш Френк си помислил дека нема веќе да има шанса да биде со неа.

Откако оздравела, повторно го контактирала стариот пријател и го замолила и тој да се пресели во Канбера за да бидат заедно.

Френк се преселил по неколку месеци и повторно ја запросил. Откако Силвија дознала дека нема да мора да го смени презимето ако се омажи, го прифатила предлогот за брак.

Останува уште да се види кој фустан ќе добие најмногу гласови.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе