95.500 евра за „Коцката“ на BMW од 1989 година

BMW E30 или кај нас попознат како „коцката“ на BMW, сепак е еден од најпосакуваните баварски модели, а таков и ќе остане.

 

Сега на сите им е јасно дека вреди да се инвестира во овој олдтајмер на BMW. Вложените пари лесно се враќаат и со камата која многукратно ги надминува „зделките на деценијата“ како што се државните обврзници.

Шегата настрана, E30 е барана стока, а спортскиот М3, како и кабриолетот , особено добро поминуваат. Има и неодолива комбинација, M3 Cabrio, како што неодамна беше понуден на аукција преку платформата Collecting Car.

Автомобилот предизвика голем интерес и на крајот постигна цена од 95.500 евра, сума за која денес можете да купите сосема нов М3. Овој примерок М3 од минатиот милениум, кој е попривлечен за многумина, е произведен во 1989 година.

Има поминато само 80.400 километри, а во меѓувреме беше обновен во одделот BMW Classic. Беспрекорната состојба е само дел од причините за постигнатата висока цена. Исто така, важно е да се каже дека ова е една од 781 произведени примероци.

BMW M3 cabrio е придвижуван од 2,3 атмосферски четирицилиндарски мотор во комбинација со т.н. dog-leg менувач со „контра“ поставени брзини и заден погон. Каросеријата има Macao сина металик боја, платнен покрив и М детали како спортски седишта и волан. Вистинска временска капсула.

Описот на автомобилот и фотогалеријата можете да ги погледнете ТУКА.

Тагови
реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Авто новости

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Објавени првите детали за електричниот Renault 5

Read more

Во кои држави ќе платите највисоки казни за сообраќајни прекршоци?

Read more

Првиот хибриден суперавтомобил: Lamborghini Revuelto „грми“ со 1.001 КС

Read more
 

Автомобили

Познати цените за новите Москвич модели

Читај повеќе
  • play_arrow

Škoda работи на автомобил за дигитални номади

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите детали за електричниот Renault 5

Читај повеќе

Во кои држави ќе платите највисоки казни за сообраќајни прекршоци?

Читај повеќе

Првиот хибриден суперавтомобил: Lamborghini Revuelto „грми“ со 1.001 КС

Читај повеќе

Како да направите пролетна генералка на вашиот автомобил?

Читај повеќе

Дали сте за зголемување на максималната брзина на автопатите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да го отворите капачето на резервоарот кога е заглавено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Renault го претстави новиот Espace

Читај повеќе