99-годишен пливач од Австралија сруши светски рекорд во своја категорија

99-годишен Австралиски пливач го сруши светскиот рекорд во своја категорија на 50 метри пливање со слободен стил.

Џорџ Корoнeс забележа време од 56,12 секунди на официјално натпреварување, со што сруши нов рекорд во старосната категорија меѓу 100 и 104 години.

Тој го сруши претходниот рекорд за дури 35 секунди, кој бил поставен уште од 2014 година.

На Коронес му било дозволено да се натпреварува, бидејќи во април ќе наполни 100 години. Тој изјави дека е воодушевен од својот успех.

„Ова беше фантастично пливање за мене, добро е балансирано, бев подготвен да одам до крај и силно да удрам со рака во ѕид“, изјави Коронес за „BBC“.

Тој додаде дека е воодушевен од публиката која му понудила голема поддршка.

Коронес живее во Бризбејн, бил добар пливач во младоста, а на овој спорт му се вратил повторно на 80 години.

„Прекинав да пливам кон почетокот на Втората светска војна. Не пливав се до заминување во пензија, но се вратив поради вежбање“, вели Коронес.

Поставувањето на нов рекорд за него било исцрпувачко искуство, но успеал благодарение на добрата подготовка.

Тој тренира три пати неделно во базен, а исто така посетува и теретана.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе