ИНСПИРИРАНИ ОД СВЕТОТ НА КОРИСНИЦИТЕ

А1 Македонија одбележува една година од воведувањето на новиот бренд

•          Подарок 10GB мобилен интернет за сите

•          А1 Combo нови тарифи со голема флексибилност и најатрактивни цени

•          Нови тарифи во мобилната телефонија со вклучени дури 30GB мобилен интернет

Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија

Телекомуникациската компанија А1 Македонија одбележува значаен дел од своето работење - една година присуство на брендот А1 на македонскиот пазар. Овој важен момент од работењето, компанијата го прославува заедно со своите корисници и подарува 10GB мобилен интернет за сите, достапни за користење преку Мојот А1 апликацијата.

Во правец на постојано збогатување на понудата, за првиот роденден на А1 брендот, А1 Македонија ги лансира новите Combo тарифни модели, како најдобра конвергентна понуда на македонскиот пазар, со нови мобилни тарифи и уште повеќе поволности. Со спојување на фиксните услуги, како интернет и телевизија, заедно со мобилната телефонија во еден Combo пакет, корисниците добиваат уште поголеми придобивки, како значителна заштеда, дополнителен буџет за набавка на нов уред и врвно корисничко искуство.

„Една година од своето постоење, А1 брендот живее буквално насекаде каде што се нашите корисници. Работиме посветено кон реализација на визијата да бидеме лидер на телекомуникацискиот пазар преку овозможување на врвни услуги, искористувајќи ги предностите на дигиталното време. Ова беше поинаква година за сите нас, исполнета со многу предизвици, но успеавме да се адаптираме, да одговоривме брзо и да бидеме поддршка во обезбедувањето витална услуга за нашите корисници, толку неопходна во овие исклучително тешки моменти. Се грижиме да ги насочиме кон најдобрите паметни решенија кои секојдневните активности им ги прават поедноставни, го заштедуваат нивното време и овозможуваат уште повеќе забава и комуникација. Нашите корисници остануваат секогаш наша инспирација и ве уверувам дека и понатаму продолжуваме со истото темпо и посветеност, да работиме во креирањето на најдобрите услуги и обезбедување на врвно корисничко искуство“ – изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Со новите А1 Combo тарифи, комбинација од мобилни и фиксни услуги, корисниците имаат единствена можност за флексибилност, односно самите да го креираат својот A1 Combo пакет. Можат да изберат ТВ канали и интернет по нивна мерка со намалена претплата и да добијат дополнителен попуст за избор на телефони и телевизори! Од сега корисниците добиваат можност својот А1 Combo пакет да го креираат сами, со едноставен избор на посакуваните услуги преку онлајн дигиталниот калкулатор поставен на www.a1.mk или преку кој било друг продажен канал на А1.

Одејќи понатаму, а со цел да одговори на потребата на корисниците за непречена комуникација, А1 Македонија го зголемува вклучениот интернет во сите NEO тарифни модели и ја лансира најдобрата понуда на пазарот преку новата мобилна тарифа А1 Neo M+, со вклучени дури 30GB мобилен интернет.

Како компанија посветена на изнаоѓање иновативни решенија, А1 Македонија ја надгради функционалноста на A1 Net Sef со воведување уште еден новитет – „опција за размена“, единствена услуга од овој тип на европскиот пазар. Преку оваа функционалност корисниците на мобилни услуги добиваат можност, не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење, туку неискористените GB од својот A1 Net Sef да ги заменат за други услуги по нивен избор, како што се интернет во странство, меѓународни разговори, итн. 

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Remote video URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Read more

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more

Шефот на Boeing поднесе оставка поради безбедносната криза во компанијата

Read more
 

Вести

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе