А1Green Month 2021 е најава за долгорочната и посветена определба на А1 за подобра животна средина и заедница

Интервју со Елена Димовска, раководителка на Оддел за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Минатиот месец бевме сведоци на повеќе информации од А1 Македонија кои не беа поврзани само за продукти, 5G или нови услуги, туку се однесуваа на активности поврзани со заштита на животната средина. На што се должи овој чекор? 

– Токму така, месец септември беше месец полн со активности кои ги лансираше А1 Македонија, кои неслучајно се случуваат токму во овој месец. Трети септември е роденденот на А1 брендот и затоа ние оваа специфична година одлучивме активностите поврзани со нашиот роденден да бидат во насока на грижа за животната средина. По тој повод, во период од еден месец под името A1 Green Month, преземавме низа активности од кои бенефит има нашето опкружување а истите се во духот на одржливиот начин на работење. Го посветивме овој месец со цел да го одбележиме вториот роденден, но и да ја истакнеме својата стратешка определба за одржлив начин на работа. Иако долги години А1 делува како општествено одговорна компанија, од оваа година ESG (Environmental, social and corporate governance) е дел од стратегијата на А1 Телеком Австрија Групацијата, а со тоа и дел од стратегијата на А1 Македонија. Со овие неколку активности во месец септември, би сакале да ја најавиме нашата долгорочна и посветена определба за подобра животна средина и заедница. Нашата амбиција е до 2030 година да бидеме CO2 неутрална компанија, цел на која уште сега работиме.

Remote video URL

Кои активности го одбележаа минатиот месец за А1 на полето на живтната средина?

– Го нарековме A1 Green Month кој беше исполнет со атрактивни активности кои ги ангажират корисниците и вработените во А1 сѐ со цел да ја потенцираме важноста за заштитата на животната средина и секако преку нивна активна вклученост, заедно, да постигнеме резулати насочени кон намалување на CO2 емисии, но и да помогнеме онаму каде што е најпотребно. 
Најнапред, во духот на транспарентното информирање кон нашите корисници на кое постојано работиме, ја збогативме содржината на компаниската веб-страница со посебен дел посветен на нашите ESG цели, а преку која сите заинтересирани можат да прочитаат повеќе и да се информираат за компаниските заложби и активности што ги преземаме на ова поле.

– Особено сме горди на вовдувањето на A1 Green Call – најновата платформа за рециклирање и понатамошна реупотреба на стари електронски уреди: стари мобилни телефони, лаптопи и таблети која им овозможува на сите заинтересирани да ги рециклираат своите уреди без оглед на моделот, годината на производство и неговата состојба, но и без оглед на тоа дали се корисници на А1 Македонија.

– Сè што треба да направат сопствениците на стари уреди е да се упатат во најблискиот салон на А1 и во специјално означениот простор со назнаки „A1 Green Call“ да ги остават своите уреди за понатамошно рециклирање. Дополнително, секој сопственик на стар електронски уред што ќе го остави на рециклирање, добива еко-торба со чие користење ќе даде свој придонес за заштитата на животната средина.

– Нашата амбиција е до крајот на годината да рециклираме 1.000 парчиња стари мобилни уреди и според интересот на јавноста, можам да потврдам дека не само што целта ќе биде исполнета, туку ќе биде и надмината.

– A1 Green Call e проект реализиран во соработка со „Нула Отпад“, лиценцирана компанија за управување со отпад. Секој уред ќе биде соодветно селектиран, складиран и рециклиран според најнови и најбезбедни методи за справување со е-отпад.

– Како компанија која цврсто ја следи својата определба да донира онаму каде што е најпотребно, а со тоа да издвои од компаниските приходи за активности кои се значајни за целата заедница дониравме за Општина Кочани. Свесни за огромните штети од големата огнена стихија што го зафати ридско-планинското подрачје околу Кочани во која изгореа десетици хектари шума дониравме садници јасен, со цел да дадеме придонес во обновувањето на шумскиот фонд.

– A1 Green Month го обележавме и со поставените соларните клупи поставени во центарот на градот. Иако на прв поглед клупата изгледа едноставно и совршено место за одмор, поседува голем потенцијал и дава можност за минувачите да го наполнат својот мобилен телефон преку USB или преку безжичната станица, да дава репорти за бројот на „посетители“, температурата и влажноста на воздухот и количината на СО2 во воздухот.
 
Како вработените се вклучија во „А1 зелениот месец“? 

– Колегите во А1 Македонија секогаш се први кога станува збор за активности кои се однесуваат на општествено одговорното делување, па така и овојпат се вклучија во голем број за да дадат свој придонес за заштита на животната средина.

– Ги охрабривме и ги предизвикавме колегите да ги остават автомобилите во текот на месец септември и преку специјално креирана апликација да ги мерат километрите минати на велосипед, електричен тротинет и пешачење. Со оваа активност во која беа поминати 5.027,6 километри со велосипед и 5.366,15 километри пеш се заштедени вкупно 2,78 тони CO2 емисии. И покрај тоа што веќе не ги мериме километрите, сепак колегите не се откажуваат и продолжуваат во голем број да ги заменат своите автомобили како превозно средство до работното место, што е повторно голем показател за пристапот не само на тимско туку и на индивидуално ниво.

– Желбата да се помогне ја покажавме и на Светскиот ден на чистењето 2021 година. кога организирано излеговме и чистевме дел околу скопско Кале и уште докажавме дека А1 Македонија има тим што ја сака природата и несебично и волонтерски се вложува за подобра животна средина.

– На крај, иако не е помалку важно, колегите во А1 се стимулирани за активно користење на електрични скутери за кратки состаноци и паузи наместо автомобил кои им се на располагање во текот на целиот работен ден.

Која е целта што сакате да ја постигнете?

– Најголемата закана за нашата планета е да веруваме дека некој друг ќе ја спаси за нас. А1 Македонија како лидер на пазарот во телекомуникации во земјата, доброволно ја зема одговорноста да биде компанија која ќе ја стави грижата за околината на пиедестал. Преку нашето делување, ги инспирираме и мотивираме нашите колеги да се приклучат, но и поширокото население.

Што понатаму?

– Како дел од целите на А1 Групацијата во рамките на ESG проектот, компанијата ги постави следниве цели во областа на животната средина: Емисии на CO2 2030 - Достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови и постепено префрлување на енергија од обновливи извори, Енергетска ефикасност 2030 - Зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година и во сегментот Циркуларна економија 2023 - Промоција на циркуларната економија во компанијата: Рециклирање на околу 50.000 стари уреди годишно. Така што остануваме долгорочно посветени на остварување на овие цели и како А1 Македонија но и како цела Групација.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе