АБА-2 ЛИГА 2019/20

АБА-2: МЗТ по две продолженија ја совлада Рогашка

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва остварија триумф по две продолженија на тешкото гостување кај Рогашка со 90:83 во натпревар од 14-тото коло од регионалната АБА-2 лига.

Тимот од Аеродром заслужено дојде до победата во Словенија, бидејќи водеа во поголемиот дел од средбата. Домаќинот имаше по два шута за победа во последните напади во регуларниот дел и во првото продолжение, но одбраната на тимот на Ѓорѓи Кочов беше на висина на задачата.

Во второто продолжение скопскиот тим одигра одлично и со серија 9:2 дојде до предност од 83:76 која се покажа како недостижна за словенечкиот тим.

Со овој триумф, МЗТ останува на втората позиција на табелата во АБА-2 со скор 11-3, односно со само една победа помалку зад лидерот Борац од Чачак.

Српскиот интернационалец Ѓорѓе Милошевиќ запиша „дабл-дабл“ од 30 поени и 11 скока, а Дамјан Стојановски му помогна со 13 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Следниот противник за тимот од Аеродром е токму лидерот Борац.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе