Новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига ќе започне на 30 септември, одлучено е на седницата на клубовите. Регуларниот дел од сезоната ќе заврши на 11 март 2018 година.
Единствениот македонски претставник во АБА лигата, шампионот МЗТ во првото коло ќе го пречека Партизан.
Актуелниот првак Црвена звезда во првото коло ќе го пречека тимот на Морнар од Бар.
Останатите двојки од првото коло се: Цедевита-ФМП, Мега-Цибона, Олимпија-Игокеа и Будуќност-Задар.