АБА: Пораз за крај на сезоната на Карпош Соколи

Дебитанската сезона во АБА лигата кошаркарите на Карпош Соколи ја завршија со пораз во Сремска Митровица од екипата на Мега Лекс со 82:69 (15:20, 25:22, 22:18, 20:9).

Карпош Соколи деби настапот во АБА лигата го завршија со 10 победи и 16 порази, изборија опстанок што беше примарната цел пред почетокот на сезоната. Во Сремска Митровица екипата на Драган Николиќ го контролираше натпреварот до 27 минута во која имаше предност од 50:58.

Останатите 13 минути му припаднаа на домашниот тим, чии кошаркари третата четвртина ја завршија со серија 12:2 за 62:60, а победникот го решија во воведните минути од последната четвртина со нова 11:3, кога прв пат имаа двоцифрена предност 73:63.

Бојан Трајковски беше најефикасен во редовите на Карпош Соколи со 17 поени но со лоша реализација 8/17, додека Драган Лабовиќ забележа 14 поени и девет скокови.

Раде Загорац, кој го креираше пресвртот на Мега Лекс, мечот го заврши со 19 поени, девет скокови и по три асистенции украдени топки. 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Кошарка

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Read more

Лејкерс играле 56 секунди подолго - НБА мораше да признае грешка

Read more

Јокиќ трагичар во шокантниот пораз на Денвер

Read more

Заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе
  • filter

Неверојатни сцени на прославата во Леверкузен: Навивачите не издржаа и влетаа пред 90-та

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трик на телохранителот на Меси – запре 3 навивачи на еден натпревар

Читај повеќе