Abarth го претстави електричниот 500e: До „стотка“ за седум секунди

Abarth неодамна ја претстави својата верзија на моделот 500 од 2023 година, а сега пристигна и електричниот 500e.

Abarth 500e е базиран на најновата верзија на популарниот италијански модел, што значи дека нема мотор со внатрешно согорување, наместо тоа предните тркала ги придвижува електричен мотор. Покрај тоа, 500e на Abarth е помоќен од стандардниот модел на Fiat.

Електричниот Fiat 500 развива 117 КС и 220 Nm вртежен момент, додека верзијата Abarth испорачува 155 КС и 235 Nm. Дополнителни 38 КС и 15 Nm можеби не се огромен скок, но електричниот хечбек забрзува од 0 до 100 км/час за 7 секунди или 2 секунди пред стандардниот електричен модел.

Abarth исто така направи тестови за да види колку е побрз електричниот хечбек од моделот 695 со 1,4-литарски турбо бензинец и беше откриено дека тој достигнува 20 до 40 км/час секунда порано. Споредбата на патеката Misto Alfa Romeo покажа дека електричниот модел е побрз од Abarth 695 за секунда.

Моќниот 500e има поголема батерија со капацитет од 42 kWh која поддржува полнење до 85 kW. Полнењето од пет минути е доволно за патување 40 километри, додека батеријата ќе се полни до 80 отсто капацитет за 35 минути полнење.

Максимално опремената прва верзија на Scorpionissimo е ограничена на 1.949 примероци и ја одбележува годината на основањето на Abarth. Достапен во Acid зелена и Poison сина боја, и двете во комбинација со странична графика. Автомобилот е опремен со ексклузивни фелни од 18 инчи и е опремен со голем број детали, вклучително и фиксиран стаклен покрив, затемнети задни стакла, спортски педали и челични прагови на вратите.

Спортските седишта со истакнати странични потпирачи имаат функција за греење и се покриени со алкантара. Седиштата имаат интегрирани потпирачи за глава украсени со модернизирано лого на Abarth со ласерско пресекување во Acid зелена боја. Логото е и на воланот.

Десно од 7-инчниот дигитален кластер е 10,25-инчен екран на допир со безжични Apple CarPlay и Android Auto системи.

Abarth 500e доби автоматски фарови и бришачи, систем за влез без клуч, безжичен полнач за мобилен телефон, 360 камера, JBL систем за звук и автоматска климатизација. Генераторот на звук создава лажен звук на бензинскиот мотор, но може да се исклучи.

Треба да се напомене дека Abarth 500e е достапен и како кабриолет со црн мек покрив.

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе