ABBA ја објави третата нумера од новиот албум

Љубителите на култната шведска група можат да ја слушнат и третата песна од албумот кој групата ќе го издаде по 40 години.

Со едноставен видео запис ABBA ја пушти во етер новата нумера наречена „Just A Notion“ која е трета од новиот албум „Voyage“ која ѝ е достапна на јавноста.

Интересно, оваа песна била снимена уште во септември 1978 година, но тогаш било одлучено да се исфрли од албумот „Voulez-Vous“ објавен наредната 1979 година. Бјорн Улвеус, кој го напишал текстот, вели тоа било голема грешка.

„Зошто сме одлучиле да ја исфрлиме? Појма немам... Добра песна е со добри вокали. Знам дека му ја пуштавме на издавач во Фрнација и на уште неколкумина наши повереници и колку што се сеќавам на сите им се допадна. Така да останува мистерија зошто не беше објавена“, вели текстописецот на песната.

Нумерата ги вклучува оригналните вокали на четирите члена од 1978, со додадени тапани и гитари.

Remote video URL

Последниот албум на ABBA излезе во 1981 година под наслов „The Visitors“. Точно 40 години подоцна, на 5 ноември се очекува најновиот албум „Voyage“. Сите 10 песни од новиот албум се напишани од Бјорн Улвеус и Бени Андерсон. Покрај нив двајца, кои имата по 76 и 74 години, во ABBA членуваат уште и Ањета Фалтскуг (71) и Ани-Фрид Лињстад (75).

Тагови
реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

На која возраст жените имаат најсилен сексуален нагон?

Read more

Евакуирани повеќе објекти во центарот на Скопје

Read more

Знаци кои укажуваат дека имате висок холестерол

Read more

Музика

Барбадос ја прогласи Ријана за „национален херој“

Read more

Кои музичари останаа најбогати и покрај пандемијата?

Read more

Топ 10 женски групи кои повеќе не постојат

Read more

Billboard ја прогласи најдобрата песна на сите времиња

Read more
 

Сцена

Семејството Гучи подготвува тужба за филмот со Лејди Гага: Патриција не е наша жртва

Читај повеќе
  • play_arrow

Епизода од „The Simpsons“ забранета во Кина поради горчлива шега

Читај повеќе

Барбадос ја прогласи Ријана за „национален херој“

Читај повеќе
  • play_arrow

„Spider-Man: No Way Home“ не е последен, ќе има уште три филмови за суперхеројот

Читај повеќе
  • filter

Пред Нова година почнува 6. сезона на „Преспав“

Читај повеќе

Кои музичари останаа најбогати и покрај пандемијата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Линдзи Лохан се сврши со банкар од Дубаи

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 филмски интерпретации на принцезата Дијана

Читај повеќе