AccuWeather објави зимска прогноза: Во Европа ќе биде многу побурно

Светски познатата метеоролошка служба AccuWeather објави голема сезонска прогноза за Европа.

Веднаш на почетокот на прогнозата, се наведува дека земјите во Европа доживуваат нов бран на коронавирус, што предизвика нови ограничувања кои стапуваат на сила само неколку недели пред почетокот на зимата.

„Иако е неизвесно како ќе се развива пандемијата во наредните месеци, тимот на AccuWeather со долгорочни синоптичари е прилично сигурен какво време можат да очекуваат Европејците оваа зима. Дел од тимот е Тајлер Ројс, кој е метеоролог во AccuWeather скоро 10 години, Алан Реперт, постар метеоролог кој е во Акуветер од 2001 година и Џејсон Николс, постар метеоролог кој ја води меѓународната прогноза на AccuWeather“, пишува американската приватна метеоролошка служба.

Како што сезоните се менуваат од есен во зима, се предвидува дека примарната патека на невремето ширум Европа ќе се движи кон југ, а бројни бури ќе се придвижуваат кон Јужна Европа и Средоземното Море, но и на Балканот.

„Мислам дека во споредба со она што го видовме претходните години во Шпанија, Португалија и Јужна Франција, ќе биде многу побурно“, рече Реперт.

Меѓу поголемите градови во Европа кои може да доживеат бурни услови оваа зима се Лисабон, Мадрид, Барселона, Ница, Рим, Атина и Букурешт.

„Бурите ќе ги загрозат животите и имотите низ целиот регион“, пишува метеоролошката служба AccuWeather.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе