АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани

Скопје, 14 септември 2021 (МИА) – АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани како клучен дел од планот за енергетска трансформација, односно префрлање на производството на електрична енергија кон обновливи извори, рече денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на Енергетскиот форум МЕФ 2021 што се одржува во Скопје.

Над 70 проценти од нашето производството моментно доаѓа од јаглен, и тоа, како што нагласи, за нас е голем императив да спроведеме брза енергетска транзиција, но која мора да биде и праведна, односно вработените да останат во компанијата со работни задачи соодветни на промената во производството.

-Работиме на ширење на нашето производно портфолио, пред сѐ во делот на обновливите извори на енергија, изјави Ковачевски.

Појасни дека фотонапонските електрани ќе се градат во еден дел како сопствени инвестиции на АД ЕСМ, а во еден дел како јавно-приватно партнерство.

Покрај производните капацитети од ветер и сонце, беше нагласено и значењето на поседувањето што почисти производни капацитети за базна, балансна енергија, за што беа наведени планираната гасна електрана во РЕК Битола, проширување на гасната електрана Енергетика во Скопје, планот за пренамена на ТЕЦ Неготино во електрана на гас и изградбата на големата хидроелектрана Чебрен, велат од АД ЕСМ.

За Чебрен до крајот на годината се очекува првичен договор кој би бил основа за јавно-приватно партнерство со една од 9-те квалификувани компании кои аплицираа на јавниот повик да бидат партнери на АД ЕСМ за изградба на овој капитален проект.

реклама

Италија личи на чизма, Албанија на кондом, а Македонија?

Read more

Дали може да опстои бракот без секс?

Read more

Највисоките дрвја во светот завиткани во огноотпорни ќебиња за заштита од пожар

Read more

Нови мерки за влез во Швајцарија - новина и за невакцинираните

Read more

Македонија

Македонија прва во Европа по број на починати од ковид за една недела

Read more

Рускоска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Read more

Есенва ќе има поголем ризик за зараза, колективен имунитет само со вакцинација

Read more

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Македонија прва во Европа по број на починати од ковид за една недела

Читај повеќе

Нови мерки за влез во Швајцарија - новина и за невакцинираните

Читај повеќе

Се истражува оштетувањето на електричната табла до прилепската модуларна болница

Читај повеќе

Рускоска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Читај повеќе

Приведен угостител, во локалот затекнати три лица без сертификат за вакцина

Читај повеќе

Кои се најбезбедни градови во светот за 2021 година?

Читај повеќе

Италијанците на референдум догодина за легализација на марихуаната

Читај повеќе

Есенва ќе има поголем ризик за зараза, колективен имунитет само со вакцинација

Читај повеќе

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Читај повеќе