АД ЕСМ: Нашата цена е пониска за 55 отсто од цената на струјата на слободниот пазар

Скопје, 9 август 2020 (МИА) – Пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата. Секој потрошувач има право да се снабдува и на слободниот пазар на електрична енергија по цени кои не се предмет на одобрување од Регулаторната комисија за енергетика. Доколку домаќинствата купуваат електрична енергија на слободниот пазар набавната цена со вклучени трошоци за балансирање и обновливи извори изнесува 3,65 ден/kWh, додека цената по која ЕСМ ги снабдува домаќинствата на регулираниот пазар изнесува 2,33 ден/kWh, односно цената на ЕСМ е пониска за 55 отсто од цената на слободниот пазар, соопшти денеска од АД Електрани на Северна Македонија.

Како што појаснуваат од АД ЕСМ, кога на набавна цена од слободниот пазар ќе се додаде мрежарината која изнесува 1,99 ден/kWh, како и трошокот за операторот на пазарот кој изнесува 0,0081 ден/kWh, крајната цена за домаќинствата на слободниот пазар за домаќинствата изнесува 5,65 ден/kWh.

Цената за домаќинствата со последната одлука од Регулаторната комисија за енергетика изнесува 4,49 ден/kWh, односно е пониска за 26 отсто отколку цената на слободниот пазар.

Концептот што е имплементиран во Законот за енергетика обезбедува заштита на домаќинствата од повисоките цени на слободниот пазар.

АД ЕСМ напоменува и дека сите инвестиции, вклучувајќи ја изградбата и на обновливите извори на енергија, компанијата ги финасира од сопствени средства кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе