Избори 2016

Ад хок комисијата покрена прекршочни постапки против седум телевизии

9. декември 2016 - 15:14 | Макфакс

Привремената комисија за следење на медиумското претставување донесе одлуки за поведување прекршочни постапки против телевизиите „Алсат“, „Канал 5“, „Нова“, „Сител“, „Телма“, „Шења“ и „24 Вести“.

Постапките ќе се водат за прекршување на членот 75 од Изборниот законик, кој ја регулира балансираноста во известувањето и во одвоеното време за одредени партии во текот на кампањата. Ова беше деветтиот и претпоследен круг на набљудување на известувањето на медиумите од страна на Комисијата, која беше формирана во рамките на Агенцијата за медиуми да ги разгледува уредувачките одлуки на медиумите.

Комисијата вчера и денеска гласаше за поведување прекршочни постапки и против повеќе телевизии и радија кои се однесуваат на времетраењето и просторот во кој се пласирани платени политички реклами, необележување на рекламите и пропусти при информирањето за анкетите на јавното мислење.

Коментирај