Адел и Ребел Вилсон за драстичното слабеење: Не те дефинираат килограмите, ти си повеќе од тоа

Адел и Ребел Вилсон имаат едно нешто заедничко: и двете успеаја да ослабат многу, што привлече големо внимание во јавноста.

Многумина им се восхитуваа, а уште повеќе сакаа да знаат како успеале во тоа. Иако и двете веќе зборуваа јавно за тоа, а во последните неколку дена повторно ја отворија темата, независно една од друга, но сосема случајно во ист ден.

Во неделата, 42-годишната Вилсон, која успеа да ослаби 35 килограми со макотрпни напори, сподели празнична фотографија на која е во розов костим за капење, користејќи ја објавата за да испрати важна порака до обожавателите.

„Штотуку забележав дека сум се здебелила 3 килограми на одмор. Се наоѓам во неверојатно all inclusive одморалиште... Изгубив секаква самоконтрола“, откри комичарката и актерка.

„Но знаеш што? Утре можам да отидам во теретана, да се хидратирам и да се хранам здраво и да се сакам себе си. Не помага ако сте строги кон себе, но знам како е да се чувствуваш виновно и нерасположено после прејадување. Но, ако си како мене, само знај дека ТИ не си само твој тежина, твојата тежина не те дефинира“.

Вилсон продолжи: „Само потрудете се да бидете здрави и не бидете толку строги кон себе. Бидете најдобрата верзија од себе“.

Истиот ден кога Вилсон ја сподели својата објава на Instagram, Адел се отвори за сопственото слабеење и за интензивното внимание на јавноста и медиумите што го доби.

Во гостувањето во емисијата Desert Island Discs на радио BBC 4, 34-годишната пејачка рече дека разбира зошто нејзиното слабеење предизвикало толку голем интерес. Имено, таа заклучила дека причината е тоа што јавно не ги споделила чекорите од нејзиниот пат до таа цел, како што тоа обично го прават другите.

Адел, всушност, ослабела околу 44 килограми во период од 2 години, пред објавувањето на нејзиниот последен албум во 2021 година. Нејзиниот променет изглед шокираше многу фанови бидејќи поголемиот дел од тоа време беше далеку од очите на јавноста.

„Се чувствував ужасно за некои луѓе кои ги сфатија коментарите на другите луѓе дека не изгледаат добро или дека не се убави“, рече Адел во разговор со водителката Лорен Лаверн.

„Некои од нив имаа само 15 години. Имаше и други кои почувствуваа дека ги изневерив и рекоа: ‘Ох, потклекна на притисокот’. Што навистина не ми пречеше затоа што не ме држеа за рака во 4 часот наутро кога плачев од вознемиреност и ми требаше да си го одвлечам вниманието“.

реклама

Роналдо отвори и петти хотел: Луксуз и високи цени, базен, спа и посебна исхрана

Read more

Три раси на кучиња кои најмногу личат на волци

Read more

Тинејџерите сѐ повеќе го напуштаат Facebook

Read more

Тенисер среде натпревар нарача бургер и го изеде

Read more

Живот

Три раси на кучиња кои најмногу личат на волци

Read more

Дали детето ви е разгалено?

Read more

Четири хороскопски знаци на кои есента им носи многу пари

Read more

Правило од 20 минути – идеално време за јадење благо

Read more
 

Магазин

  • filter

Три раси на кучиња кои најмногу личат на волци

Читај повеќе

Пиењето алкохол за ХИВ позитивните може да значи смрт

Читај повеќе

Мусака со тиквички и топен кашкавал

Читај повеќе

Пет навики кои го забавуваат губењето маснотии во пределот на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

20-минутни вежби за задник со Памела Рајф

Читај повеќе

Дали детето ви е разгалено?

Читај повеќе

Три совети како без проблем да се вратите во форма

Читај повеќе
  • play_arrow

Опасни секс пози: Пенисот нема коска, но може да се скрши

Читај повеќе
  • play_arrow

Како најлесно да ги средите каблите во домот?

Читај повеќе