Адел се раздели од сопругот по нецели три години во брак

Адел се раздели од сопругот Симон Конецки, потврди портпаролот на пејачката.

Во соопштението за јавноста стои дека двајцата „ќе останат посветени на тоа заедно и со љубов да го израснат и воспитуваат нивниот син“.

30-годишната Адел се омажи за Конецки по пет години врска, во 2016 година.

Двојката во 2012 година го доби синот Анџело.

Светски познатата пејачка ги има објавено бестселер албумите 19, 21 and 25.

Во нивното заедничко соопштение, Адел и Конецки побараа од јавноста да ја почитува нивната приватност во врска со нивното разделување.

Двајцата се венчаа тајно, а Адел прв пат јавно проговори за бракот во говорот кога примаше Греми награда во 2017 година и му се заблагодари на „сопругот“.

Нејзиниот прв албум објавен во 2008 година, на кој беа хитовите „Chasing Pavements“ и „Hometown Glory“, се искачи на прво место на албумската топ листа во Велика Британија

По него следеше планетарно популарниот албум 21 што се најде на првото место на албумските топ листи во 30 земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија.

Нејзиниот трет албум 25 се продаде во рекордни 800.000 примероци во првата недела од објавувањето и стана нејпродаван албум во 2015 година.

Во март годинава Адел беше видена како влегува во музичко студио во Њујорк, што ги подгреа шпекулациите дека работи на нов албум.

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе