Адеми: Имаме два целосно нови закони за образование, на потег е Собранието

Скопје, 10 јули 2019 (МИА) – Министерот Арбер Адеми очекува конструктивна дебата во Собранието за Предлог-законот за основно образование и за Предлог законот за наставници и стручни соработници во основно и средно образование, кои вчера беа усвоени на седница на Влада.

„Имаме два целосно нови закони суштински важни за образовниот систем, сега е Собранието на потег.  Во интерес на времето, очекувам час поскоро да почне расправата и по целосно исцрпување на дискусијата, законите да бидат усвоени и да стапат во сила со стартот на новата учебна година“, истакна Адеми денеска на прес-конференција во Владата.

Рече дека законот за основно образование се фокусира на подобрување на квалитетот на наставата и воопшто на воспитно-образовниот процес, им дава повеќе можности на учениците со фокус на тие што се со посебни образовни потреби. Новини во законот има и за организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30), кариерен развој на наставниците…

Согласно со препораките на ОЕЦД и УНИЦЕФ, ќе нема намалување на бројот на часовите бидејќи  ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји.

Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.

Учениците со најтежок вид попреченост ќе може дел од наставата да ја продолжат во посебните училишта со ресурсен центар по нивна или желба на нивните родители, согласно со препораките на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ) на Светската здравствена организација.  На реакциите во врска со оваа мерка, Адеми одговори дека треба да му се даде шанса на секое дете и дека согласно со проценката за попреченост според МКФ, за овие деца ќе се подготви индивидуален образовен план според можностите на детето.

Министерот појасни дека во проценката ќе се вклучат претставници од здравство и од МТСП. Инклузивните тимови ќе бидат составени од лични асистенти (помош на детето за лична хигиена, поддршка за движење итн) и образовни асистенти. Планирано е асистентите од 2022 да бидат вработен наставен кадар во училиштата.  Засега 300 лични и образовни асистенти се ангажирани во редовните училишта.

Стручни тела (психолог, специјален едукатор, психијатар и педијатар) ќе проценуваат според МКФ  за дополнителна поддршка на детето и колку часа дневно или неделно му се потребни. Засега во земјава работат три пилот-стручни тела за проценка, а во план е да има осум.

Во однос на новините за наставниците, тие ќе се мотивираат со кариерен развој. Адеми нагласи дека не се ориентирани кон казнување, туку кон мотивирање на наставниците и затоа е укинато екстерното тестирање и рангирањето на училиштата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе