Адеми не смее да игра ниту во четвртата лига

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, не смее да настапува за членот на хрватската четврта лига, Кустошија, што беше замислата на неговиот клуб Динамо Загреб, додека тој ја одработува четиригодишната суспензија на ФИФА.

Адеми, беше позитивен за допинг тестот по натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите, одигран на 16.септември, а откако и Б наодот исто така беше позитивен, ФИФА на 20.ноември му изрече четиригодишна суспензија.

Замислата на Динамо Загреб беше талентираниот играч додека е под суспензија да ја одржува формата во аматерскиот тим Кустошија, но според зборовите на генералниот секретар на Хрватскиот фудбалски сојуз, Владо Ивета, тоа нема да биде можно.

Ивета, кој инаку по професија е правник, го известил Динамо, дека четвртиот ранг од хрватскиот фудбал иако е аматерски, тој сепак е под ингеренција на ФИФА, што значи дека Адеми не може да настапува за овој клуб.

Оваа информација потоа за „Вечерњи лист“, ја потврдил директорот на Динамо, Томислав Светина.

„Во одлуката на УЕФА пишува дека не смее да игра фудбал. Пред неколку денови побаравме објаснување од УЕФА, да видиме дали тој може да настапува во четвртата лига“, изјавил Светина.

Инаку, доколку случајот не бил навреме откриен и Адеми и Кустошија ќе беа соочени со казни од страна на ФИФА.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе