Адеми: Нема конечна одлука како ќе се одвива наставата

Скопје, 12 август 2020 (МИА) – Сè уште нема конечна одлука за тоа како ќе се организира наставата во учебната 2020/2021. Продолжуваат консултациите меѓу Министерството за образование и Комисијата за заразни болести, соопшти министерот за образование Арбер Адеми. Тој не ја исклучи можноста и за пролонгирање на учебната година.

Адеми на прес-конференција информира дека се разгледуваат три модели: физичко присуство, онлајн настава и комбиниран модел.

Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но сè зависи од епидемиолошката состојба.

– Нашиот став е јасен, но пред сè е важно здравјето на децата, истакна Адеми.

Тој рече дека е можно физичко присуство на учениците само во оние места во кои тоа го дозволува епидемиолошката состојба. 

Во меѓувреме, Комисијата за заразни болести на денешниот состанок побара од Министерството за образование и наука да достави податоци за сите училишта во сите општини во државава и бројот на деца во сите паралелки поединечно, кои се клучни податоци за да се утврди каде евентуално би имало онлајн настава, а дали и каде би било евентуално безбедно да се одвива настава и со физичко присуство, соопшти Министерството за здравство.

На состанокот, како што се посочува во соопштението, во присуство на претставници на Министерството за образование и наука се дискутираше за планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година подготвен од МОН, од аспект на безбедност на сите чинители во наставниот процес – учениците, наставниците, помошниот персонал, како и од аспект на спречување на ширење на заразата со коронавирус во училиштата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе