Јанис Адетокунбо, кошаркарот на Милвоки Бакс, беше многу незадоволен по поразот од Бруклин Нетс.
Нетс победија со 115:102 и тоа беше деби победа за шпанскиот тренер Жорди Фернандес во НБА лигата.
Адетокунбо беше најдобар кај Бакс, постигна 22 поена за 33 минути со 12 скока и 7 асистенции, но не беше задоволен.
„Во моментов ние сме тим без идентитет. Како ќе победиме? Како ќе се браниме 48 минути? Дали топката ќе кружи во текот на сите 48 минути? Дали ќе нападнеме? Мора да најдеме идентитет. Моментално го немаме“, јасен е Адетокунбо.
Следниот натпревар Бакс го играат вечерва од 0:30 часот против Бостон Селтикс.