Adidas го изгуби судскиот случај за автентичноста на логото со три ленти

Германската компанија за спортска опрема Adidas го изгуби случајот пред Судот во Луксембург, во кој Канцеларијата на ЕУ за заштита на интелектуалната сопственост ја оспори автентичноста и специфичноста на логото на компанијата.

Компанијата не успеа да докаже дека „логото под кое Adidas ги продава своите производи на територијата на Европската унија нема никакви специфични карактеристики кои го прават автентично“.

Логото со три ленти беше дизајнирано од основачот на компанијата, Ади Даслер, и за првпат се појави на фудбалска копачка на 18 август 1949 година. Судот пресуди дека иако логото датира многу одамна, не е доволно карактеристично за да бидат идентификувани производите кои ги продава овој германски бренд. Одлуката на судот беше донесена во долгогодишниот спор помеѓу Adidas и белгиската компанија Shoe Branding Europe.

Во 2014 година, на Adidas му беше гарантирана трговска марка за „три паралелни ленти со идентична широчина, кои се аплицирани на производот во било која насока“ на облека, патики и капи. Но, во 2016 година Shoe Branding Europe испрати жалба до Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост поради тоа што сметаа дека „не постои доволен доказ дека купувачите можат лесно да препознаат дека се работи за производ на Adidas со самото гледање на три ленти на парче облека“.

„Оваа пресуда е лимитирана на посебна примена на логото со трите ленти и не ја таргетира целосната употреба и заштита на брендот Adidas во различни форми на територијата на Европа“, стои во изјавата на Adidas.

Ова не е прв случај во кој Adidas не успева да обезбеди доволен доказ дека нивното лого е доволно автентично, бидејќи во 2003 го изгуби случајот против Wrigley’s – компанија која користи две паралелни ленти за дистинкција на нејзините производи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе