Германија, Шпанија, Белгија, Русија и Шведска ги добија дресови со кои ќе играат на ЕУРО 2020.
Од Adidas се пофалија со новиот дизајн на пет од најдобрите европски фудбалски репрезентации. Шпанија, Белгија и Русија веќе се квалификуваа на Европското првенство и нив дефинитивно ќе ги гледаме во новите дресови, додека Германија и Шведска допрва треба да изборат пласман, но се на добар пат.