Adidas вети дека 30% од новите вработени во САД ќе бидат црнци и Латиноамериканци

Производителот на спортска опрема Adidas соопшти синоќа дека 30 проценти од сите нови вработувања во САД ќе бидат црнци или Латиноамериканци, во време кога земјата ја тресат протести против расизам што одекнаа ширум светот.

„Настаните во изминатите две недели предизвикаа сите да размислиме за тоа што можеме да сториме за да се спротивставиме на културните и системските сили кои го одржуваат расизмот“, наведе извршниот директор на Adidas, Каспер Рорстест.

Спортскиот гигант ја објави новата мерка, меѓу неколку други, истиот ден кога беше и погребот на Џорџ Флојд, црнец убиен при приведување од американската полиција од белец полицаец. Вработените во Adidas неодамна ја критикуваа компанијата дека не сторила доволно за борба против расната дискриминација.

URL

Германската групација исто така соопшти дека во текот на следните четири години, ќе зголеми на 20 милиони американски долари финансирањето за своите програми што ги поддржуваат Афроамериканците – програма за кошарка за недоволно развиени заедници, финансирање за училиште за дизајн на Adidas и програма за поддршка на црната заедница преку спорт.

Adidas исто така вети дека ќе обезбеди 50 стипендии за своите црни вработени секоја година за следните пет години.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе