Чек дис аут

Адреналински поход: Британец направи казни од 46.000 долари со изнајмено Lamborghini

10. август 2018 - 13:38 | А.С.

Британски турист на годишен одмор во Дубаи изнајмил Lamborghini, но не можел да оддолее на бризната на спортскиот ѕвер и направил сообраќајни казни во висина од цената на нов автомобил.

25-годишниот Британец Фарах Хишни успеал да направи сообраќајни казни во износ од 46.000 долари. И тоа не му требало многу време.

Го изнајмил автомобилот Lamborghini Huracan и уште првата ноќ, во периодот од 2:30 до 6 часот утрото бил фатен на сите камери на најпрометната авенија во Дубаи.

Во неговиот адреналински поход, Британецот возел по главната авенија „Шеик Зајед“ што е дел од автопатот Е11 долг 560 километри и е најдолг во Обединетите Арапски Емирати. Според локалните медиуми, Хишни возел со максимална брзина од 241 км/ч и „обрал“ вкупно 33 казни. Изнајмувањето на автомобилот го чинело околу 1.600 долари, платени однапред.

Тој како осигурување за автомобилот го оставил пасошот, а сега не може да го добие назад додека не ги плати казните. Спортскиот автомобил уште е паркиран пред хотелот каде престојува Хишни, а од агенцијата од каде го изнајмил автомобилот стравуваат дека полицијата ќе го заплени возилото.

Коментирај