Ф1

Адријан Њуи: Се чувствувам одговорен за смртта на Сена

6. ноември 2017 - 13:34 | Д.Л.

Адријан Њуи во својата книга „Како да изградите болид” призна дека направил грешка при изработката на болидот на Вилијамс во кој во 1994 година животот го загуби Аиртон Сена.

За потсетување, Њуи е најценетиот инженер во Формула 1, а благодарение на неговите решенија, шест различни возачи освојуваа титула светски првак.

Но, човекот кој во својата кариера беше познат по генијалните аеродинамички решенија, денес признава дека во 1994 година згрешил и уште се чувствува виновен за смртта на Аиртон Сена, кој го изгуби животот во неговиот болид во Имола.

„Бев еден од одговорните за дизајнот на болидот во кој почина голем човек. Највеќе се обвинувам бидејќи згрешив со аеродинамиката. Згрешив при транзицијата од активно во пасивно подвозје и автомобилот беше премногу нестабилен, а Аиртон се обидуваше да направи работи кои во тој болид не беа изводливи”, признава Адријан Њуи во својата автобиографија и додава:

„Без разлика дали ќе му пукнеше гума или не, без разлика дали одеше по лоша линија во кривината, болидот беше аеродинамички нестабилен и дури и на него му беше тешко да го контролира. Поради тоа, секогаш ќе се чувствувам одговорен за неговата смрт, но не и виновен”.

Коментирај