Стил

Адријана Лима не знаејќи поздрави терористичка организација

25. август 2015 - 9:56 | Д.П.

Адријана Лима не знаејќи поздрави радикална турска организација која се вика Сиви волци, и која е одговорна за стотици убиства низ Турција во последните 40 години, а имаат одговорност и за планирање на убиство на папата Јован Павле 2.

Во видеото објавено на YouTube, супермоделката го кажува зборот „божкуртлар“ што значи волци, со раката го прави нивниот знак, а на крајот завива како волк.

Сепак откако се појави аферата дека поздравува терористичка организација, преку својот портпарол изјави дека ја наместиле и дека не знаела за што станува збор. Таа вели дека запознала боксер од Турција кој ја замолил да ја поздрави неговата локална теретана. Портпаролот изјавил дека моделката не знаела што значи тој поздрав и дека не ги подржува „Сивите волци“.

Loading the player...

 

Коментирај